Новиот менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, полека но сигурно, воведува ред во соблекувалната на „црвените ѓаволи“.
Тој планира драконски казни доколку до јавноста дојде некаква информација од клупската соблекувална.
На фудбалерите им е кажано да јадат од храната која им ја обезбедува клубот а не таа која им ја прават во домашните услови.

