Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, нагласи дека лошите резултати во сезонава се должат на серијата повреди на стандардните првотимци.
Во „болницата“ на стадионот – „Олд Трафорд“ се Коби Мајну, Хари Мегваер, Мејсон Маунт, Лук Шо, Лени Јоро, Тајлер Маласија и Џони Еванс. Од вчера им се придружи и Антони кој се повреди на мечот со Фенербахче во Лига Европа.
„Да, повредите не спречуваат да го достигнеме посакуваното ниво. Кога ги немате на располагање повеќето фудбалери, тешко може да го креирате најдобриот состав“ – вели тренерот на англискиот состав.

