Дефанзивниот фудбалер на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, потенцира дека утре ги чека тежок меч против италијанскиот Наполи во рамките на последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.
27-годишниот холандски фудбалер е убеден дека неговиот тим има квалитет да ги освои бодовите. Ливерпул е трет во групата со 6 бодови додека Наполи е на челната позција со девет. ПСЖ го има второто место со осум бодови.
„Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар. Неопходно е да излеземе на теренот и да докажеме дека Ливерпул е способен за многу нешта“ – потенцираше играчот на „црвените“.