Весникот – „АС“ објави дека фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, успешно се опоравува од повредата на бутот добиена на мечот со Реал Мадрид во Ла Лига.
„Ако пред последните тестови шансите да заигра беа околу 10%, сега достигнаа 25%,“ открил за изданието извор од Камп Ноу. Каталонците денеска ќе излезат на мегдан со Елче во новата рунда во домашниот шампионат додека на 5 април ги чека реваншот со Реал Мадрид во Кралскиот Куп.
Покрај Де Јонг, за средбата со „кралевите“ неизвесни се и Педри, Дембеле и Андреас Кристенсен.