Нашите најдобри ракометарки очекувано го претрпеа и вториот пораз на Европското првенство. Денеска загубивме од селекцијата на Холандија со 30 спрема 15.
Во Арената Борис Трајковски еден од фаворитите за медал беше далеку подобар противник од избраничките на Савевски и сосема заслужено прокнижи два бода. Мечот беше решен уште кон средината на првиот дел кога холанѓанките направија голема предност од седум голови.
Во нашиот табор Сара Ристовска беше најпрецизна со четири голови. В среда во последното коло од воведната фаза противник ќе ни биде Романија.