Поранешниот извршен директор на фудбалскиот состав Баер (Леверкузен), Волфганг Холцер, останува на идејата дека треба да се воведе разигрување во Бундес-конкуренцијата за да се направи шампионатот да биде поинтересен.
„Мислам дека е добра идеја првите четири екипи по регуларниот дел да одиграат мини-турнир. Првиот против четвртиот а вториот против третиот. Победниците ќе играат за шампионскиот пехар а поразените за третото место“ – вели Холцер.
„Таков формат ќе донесе финансиски придобивки.Секој ќе има корист бидејќи ќе се појават нови можности за маркетинг. Тоа ќе биде магнет и за фановите“ – рече Холцер.