Еден од гигантите во автомобилската индустрија – „Хонда“, ќе биде спонзор на трката за Големата награда на Формула 1 во Јапонија.
Иако јапонскиот производител се повлече од Ф1 како снабдувач на погонски агрегати на крајот на минатата година, екипите на Ред Бул и Алфа Таури, продолжуваат да ги користат деловите испорачани токму од „Honda Racing Corporation“. Претходно, Хонда беше спонзор во 2018 година а последен пат трката се одржа во 2019 година. Потоа беше симната од календарот поради пандемијата на корона-вирус.
„Хонда е воодушевена што ќе биде спонзор на трката во Формула 1 на Јапонското ГП на патеката Сузука, која слави 60-годишнина“ – рече Који Ватанабе, главен директор за комуникации на Хонда.