Јапонскиот репрезентативец Кеисуке Хонда реши да се повлече од репрезентацијата по ова СП. Тој вели дека во својата кариера успеа да одигра големи натпревари за својата репрезентација, а сега е време на помладите.
„Сторив се што можев за тимот. Сега е време да им се дадеме шанса на младите играчи. Имаме многу добри млади луѓе, кои утре ќе го водат нашиот тим во нови височини. Сигурен сум дека може да одиме и подалеку. Јас сум доста среќен со мојата кариера. Играв на Олимписките игри и на три светски шампионати. Ова не му се случува секому“, изјавил Хонда.