Македонија е поразена на гостувањето против Украина на неутрален терен во Прага со 2:0 и со тоа ги загуби шансите за второто место во нашата група од квалификациите за ЕП 2024 година.
Првата сериозна шанса за водство ја имаше Украина во 12.минута кога Добвик шутираше од непосредна близина, но Димитриевски одбрани и ја исфрли топката во корнер. Во 16.минута Мудрик имаше добар пробив по левата страна и упати удар кон нашиот гол, но повторно Димитриевски одбрани и го сочува голот на Македонија. Првата закана на нашите фудбалери беше преку Миовски во 22. минута кога од тешка позиција шутираше само во голманот Трубин кој без проблем го одбрани неговиот удар.
Украина дојде до водство во 30.минута откако Манев лошо ја исфрли топката до Атанасов, а тој ја загуби и дојде до Судаков кој упати удар кон нашиот гол, а топката удри во Серафимов, го смени правецот и заври во голот на Димитриевски за водство на Украина од 1:0.
Македонија имаше неколку шанси во периодот од 36 до 38 минута, преку Миовски, Ашковски и Барди , но одличен на голот на Украина беше голманот Трубин и не дозволи да го израмниме резултатот. До крајот на првиот дел немаше промена на резултатот и на одмор с замина со предност на Украина од 1:0.
На стартот на вториот дел Дарко Чурлинов ја имаше најубавата шанса за израмнување, во 53.минута излезе сам пред голманот на Украина но неговиот шут го одбрани голманот Трубин кој за малку ја добре топката и спречи радост на нашите фудбалери. Украина одговори со одлчна контра и шанса за Мудрик во 58.минута, но Димитриевски одлично одбрани и спречи гол за Украина.
Украина се закани во 81 минута кога Суадков упати еден силен удар, Димитриевски со крајни напори одбрани, а топката од пречката заврши во корнер. Во 87.минута одлична контра на Украина , Јеремчук шутираше, но Димитриевски повторно одбрани со нога и спречи гол за Украина.
Во последната миута од судиското надополнување од 6.минути Украина постигна гол за конечните 2:0, а голот беше дело на Караваев кој успеа да освои топка, влезе во нашата половина и од огромна далечина го совлада голманот Димитриевски кој беше излезен далеку од својот гол и не можеше да спречи водство на Украина од 2:0.
На нашата селекција сега и остануваат уште два натпревари, со Италија во Рим на 17.ноември и домашниот натпревар со Англија во Скопје.