Голманот на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, го опиша како немилост поразот од Интер во четврт-финалето од Лигата на Европа, што се играше синоќа во Дизелдорф.
Поради пандемијата на коронавирусот, формат на елиминациите се смени и се игра само еден натпревар, кој во овој случај екипата од Милано ја искористи и победи со 2:1 и следниот понеделник ќе игра полуфинале со победникот од дуелот помеѓу Шахтјор Донецк и Базел.
„Срамота е. Двата гола што ги примивме брзо ги искомплицираа нашите животи. Пробавме сè, но не успеавме, немавме среќа да постигнеме уште едне гол. Мора да извлечеме поука од сето ова и да настапиме подобри во новата сезона“, рече Храдецки за веб-страницата на УЕФА.