Фудбалерот на Милан, Анте Ребиќ, стана вистински хит во Италија откако постигна неколку голови за „росонерите“ и ги воодушеви фановите.
Весникот – „Gazzetta dello Sport “ се насочи кон игрите на Ребиќ и предупреди дека тоа може да донесе проблеми за челниците на тимот. Според новинарите, фудбалерот може да им направи проблеми на спортските директори, Бобан и на Малдини, кои најверојатно ќе сакаат да го задржат и затоа ќе мора да водат тешки преговори со германскиот состав Ајнтрахт Франкфурт.
Милан го ангажираше Ребиќ како позајмен играч до крајот на сезоната со опција да ги откупи неговите права од бундес-тимот.