Жељко Бабиќ, кој седи на кормилото на Еурофарм Пелистер в пресрет на саботниот меч со Мешков Брест во елиминацискиот дел во ракометната СЕХА лига, вели дека неговиот некогашен состав мора максимално да се респектира.
„Мешков Брест во изминатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време победува на големи европски натпревари и веројатно е најсилниот противник кој дошол во последниов период во Битола“ – потенцира Бабиќ.
„Не чека голем предизвик, голема радост за сите нас. Подготвени сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат“ – вели тренерот на Еурофарм Пелистер.