Фудбалерот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ, може да добие понуда да се пресели во редовите на Баерн Минхен. 29-годишниот Хрват кој постигна седум голови на три натпревари на стартот на новата сезона, може да биде замена за Роберт Левандовски.
„Не знам ништо за таа тема. Крамариќ е одличен напаѓач, еден од најдобрите во Германија” – изјави тренерот на Баварците Ханси Флик по вчерашната победа против Борусија (Дортмунд) во германскиот Супер Куп.
Крамариќ кој беше купен од Лестер во 2016 година претходно ги бранеше боите на Динамо (Загреб), Локомотива (Загреб) и Риека.

