Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе го пропушти натпреварот против Гранада поради повреда на мускулите на левата нога, пренесуваат шпанските медиуми.
Тој се повреди на неделниот натпреварот против Еибар кога беше заменет во 72-та минута. Модриќ на тој меч остави одличен впечаток и успеа да се запише во листата на стрелците.
„Кралевиет“ наредниот дуел ќе го одиграат в среда против Гранада.

