Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, има реални шанси во текот на летово да го напушти стадионот – „Енфилд“ и да потпише за италијанскиот фудбалски состав Милан, најавија дел од медиумите на „Чизмата“.
Според нив, Владо Лемиќ , кој му е агент задолжен за трансфери на хрватскиот интренационалец, деновиве имал средба со претставниците на Милан на која биле договорени сите детали. Неодамна се појави информација дека Милан испратил понуда од 15 милиони евра за Ловрен, но, дека истата била одбиена од страна на „црвените“.
Сега се чини дека работите се движат во друга насока и дека 30 годишниот стопер ќе добие дозвола да си замине од Англија.