Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, е убеден дека неговите фудбалери нема да го разочараат на гостувањето кај Ливерпул во првата битка од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Дуелот ќе биде одигран денеска од 21.00 часот на стадионот –„Енфилд“.
„Лигата на Шампионите е нешто посебно. Баерн секогаш игра добро во последниве неколку години. Свесен сум дека нашите последни натпревари во Бундеслигата не поминаа според очекувањата на навивачите“ – потенцираше Ковач.
„Ливерпул е врвен тим кој совршено го менува темпото. Мислам дека нема да има резултат 0:0 а атмосферата сигурно ќе одигра посебна улога. Моите фудбалери знаат како е да се игра под притисок од првата минута“ – потенцираше тренерот на Баварците.