Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, во текот на летото ќе ги напушти Каталонците. Тој во тековнава сезона откако го загуби првотимскиот статус, изјави дека не е среќен во Барселона и дека неколку европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис.
Според медиумите за одличниот играч од средината на теренот се заинтересирани Интер и Јувентус, но, тој сака да остане во Шпанија.
Наводно, Ракитиќ донел одлука да се врати во Севилја или во тимот во кој ја доживеа фудбалската афирмација во периодот од 2011 до 2014 година.