Најдобриот фудбалер во Европа за изминатата година, Лука Модриќ, в пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ајакс, се осврна на формата на неговиот тимски колега Герет Бејл кој ја загуби довербата кај навивачите.
„Бејл навистина изгледа добро на теренот. Во различни фази на кариера, фудбалерите не играат на исто ниво и тоа им се случува на сите. Тоа ми се случи мене минатата сезона. Бејл е среќен и подготвен да покаже што може“ – вели Модриќ.
„Играчите на Реал не можат да заборават што направи тој за тимот. Некои луѓе многу лесно забораваат такви работи. Тој работи со голема желба, сака да се врати во препознатливата форма“ – изјави интернационaлецот од Хрватска на денешната средба со новинарите.