Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ, најверојатно ќе ја пропушти пријателската средба на Хрватска со Бугарија. Според италијанските медиуми, 29-годишниот Хрват нема да може да игра поради повреда на скочниот зглоб.
Хрватска ќе се соочи со Бугарија на 26 март во Катар. Фудбалерот сигурно ќе отсуствува и на денешниот натпревар од 30. коло на Серија А против Фиорентина.