Фудбалерите на Хрватска го пополнија првото место во полу-финалето на Мундијалот во Катар откако по изведување на пеналите го совладаа Бразил со 5-3.
Во регуларниот дел нема голови додека во продолженијата „кариоките“ поведоа со голот на Нејмар а „коцкестите“ изедначија со погодокот на Бруно Петковиќ. Во пенал-рулетот, головите за победникот ги постигнаа Власиќ, Мајер, Модриќ и Орсиќ додека за Бразилците погодија Касемиро и Педро.
Решавачкиот момент се случи кога Маркињос ја погоди стативата што значеше и елиминација на Бразил од Мундијалот.