Хрватска и Албанија денес играат ногу важен натпревар во второто коло од групата Б на УЕФА ЕУРО 2024. И двете селекции немаат право на грешка по поразот во првото коло од групната фаза.
Во својот прв натпревар од натпреварувањето, Хрватска загуби од Шпанија со 0:3. Сега, Лука Модриќ и соиграчите мора да го оправдаат своето реноме како трета светска сила на Светското првенство 2022 година против незгодната селекција на Албанија. Албанците одлично стартуваа против Италија во првиот меч и поведоа со најбрзиот гол во историјата на ЕП, но на крајот актуелниот европски првак победи со 2:1.
Натпреварот ќе се игра во Хамбург, а главен судија ќе биде Французинот Франсоа Летезиер.
„Знаевме дека овој натпревар може да биде многу важен уште пред почетокот на турнирот. Задоволен сум што сите во тимот се позитивни и не обесхрабрени по поразот во првото коло. Атмосферата во тимот е одлична. Момците знаат, мора да се претставиме подобро од мечот со Шпанија“, прокоментира пред мечот селекторот на Хрватска Златко Далиќ.