Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Хрватска и Мароко по втор пат на СП во Катар, но сега за медал !
    Фудбал

    Хрватска и Мароко по втор пат на СП во Катар, но сега за медал !

    risteBy riste17/12/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Некој го нарекуваат дуел на поразените полуфиналисти, други утешно финале, а третти мало финале, но е јасно дека е натпревар за бронза кој исто така е важeн иако не се дел од финалниot меч во битка за злато на СП.

    Хрватска и Мароко по втор пат на СП во Катар ќе застанат на центарот на теренот едни против други, овој пат во битка за бронзата на Мундијалот во Катар. Првата нивна пресметка во групата Ф заврши без победник и без голови, но денес ќе мора да има победник, а дали тоа ќе биде во регуларниот дел или по продолжение и пенали останува да видиме.

    Несомнено Хрватска, а особено Мароко, ги надмина сите очекувања. Кога Хрватите се изборија за завршна претстава со „триколорите“ пред четири години, фудбалскиот свет беше изненаден. Оценката дека тимот избран од тогаш малку познатиот Златко Далиќ, човек кој својата тренерска кариера ја градеше главно во Саудиска Арабија и ОАЕ, предводен од маестралниот Лука Модриќ, без сомнение еден од најдобрите играчи кои се појавија на овие простори, го направи невозможното, особено затоа шро останаа без голманот Даниел Субашиќ, стоперот Ведран Чорлука и голгетерот Марио Манџукиќ кои се повлекоа од националниот тим (малку подоцна истото го направи и играчот од средниот ред Иван Ракитиќ).

    Истото важи и за Мароко. Селекторот на првиот мундијалски полуфиналист од африканскиот континент, Валид Реграги, се одлучи за засилена, згусната одбрана и контранапади, свесен дека играњето против објективно посилни противници ќе биде фудбалско самоубиство. Никој не очекуваше дека наследникот на Вахид Халилхоџиќ целосно ќе отстапи од таа филозофија, но натпреварите на Светското првенство за третото место обично се малку полабави бидејќи не носат огромен притисок, а реално е дека Ашраф Хакими, Хаким Зијеш, Софијан Буфал, Јусеф Ен-Незири и соиграчите ќе имаат што да покажат и потврдат дека не случајно се најдоа меѓу четирите најдобри на ова СП.

    Натпреварот Хрватска – Мароко се игра денес од 16 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.