Фудбалската репрезентација на Хрватска патува во четвртфиналето на Светското првенство (СП) во Катар, со победа по изведување на пенали (1-1 регуларен дел и продолженија, 3-1 пенали) над селекцијата над Јапонија. Ова беа први продолженија и пенали на турнирот, а ги одбележа голманот Доминик Ливаковиќ кој фати три пенали.
Јапонија прва дојде до водство во финишот од првото полувреме со голот на Маеда во 43.минута, а Хрватска израмни преку Перишиќ во 55.минута. Со овој резултат заврши регуларниот дел од натпреварот, но и подроженијата.
Пенал серијата помина во знакот на Хрватска која благодарение на лошото изведување на пеналите и одличните одбрани на Ливакович победи со 3:1 и се пласираше во четврфинале.