Мечот започна фуриозно, уште во првата минута од средбата Јоргенсен ја донесе данска во водство, а по неколку минути или поточно во 4.минута Манџукиќ израмни на 1:1.
Во текот на целиот натпревар и двете селекции не успеаа да најдат пат до мрежата на противникот, а откако натпреварот заврши нерешено се играше продолжение во кое Лука Модриќ имаше шанса преку пенал да ја однесе Хрватска во ¼ финалето. Неговиот удар го одбрани Каспер Шмајхел, а со тоа го однесе натпреварот во пенал рулет.
Хрватска успеа да ја совлада Данска на пенали, за Хрватите погодија Крамариќ, Модриќ и Ракитиќ, а промашија Бадељ и Пивариќ, додека за Данска погодија Кјаер и Крон Дели , додека Субашиќ ги скроити ударите на Ериксен, Шоне и Јоргенсен.