Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Хрватска стартуваше со победа на СП во Русија
    Фудбал

    Хрватска стартуваше со победа на СП во Русија

    risteBy riste16/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Хрватската фудбалска репрезентација славеше во првиот натпревар на СП во Русија против селекцијата на Нигерија со 2:0.

    Со оваа победа Хрватска покажа дека има репрезентација за висок дострел на ова СП, а по нерешениот резултат на Аргентина и Исланд во првиот натпревар од групата Д сега може да конкурираат и за првата позиција во оваа група.

    Репрезентацијата на Хрватска успеа да дојде до водство на оваа средба прилично среќно. По корнерот кој што беше изведен , Манџукиќ ја зафати топката со глава, таа заврши на ногата на Крамариќ и се одби до Етебо кој си постигна автогол за водство на „коцкестите“ од 1:0 во 32.минута од натпреварот. Тоа беше резултатот со кој се отиде на одмор, а во второто полувреме на почетокот Хрватска имаше целосна контрола над играта и го одржуваше резултатот во своја полза.

     

    Во 70.минута беше досуден пенал по прекршокот над Манџукиќ, а Лука Мондриќ беше сигурен реализатор за водство од 2:0.

    Хрватите сега ги очекува дерби натпреварот со Аргентина кој го играат на 21.јуни и во овој меч ќе влезат со предност на табелата во однос на Аргентина, што значи дека притисокот ќе биде на страна на Аргентина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Конте извесен период ќе паузира од фудбалот

    01/02/2023

    Јунајтед имал други планови, Сабицер бил меѓу последните опции

    01/02/2023

    Украинецот под лупа на ФА

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Педро ги советува неговите сонародници
    • Конте извесен период ќе паузира од фудбалот
    • Британецот ќе мора да оди на рехабилитација
    • Јунајтед имал други планови, Сабицер бил меѓу последните опции
    • Украинецот под лупа на ФА
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.