Хрватска е првиот полуфиналист на Светското ракометно првенство. „Коцкестите“ вечерва во драматичен меч во Арената во Загреб ја совлада Унгарија со 31:30
Унгарците водеа со четири плус во завршните 5 минути но, домаќните благодарение на три одбрани на Пешиќ и серија на погодоци дојдоа до изедначување 30-30. Унгарија во последните триесет секунди не искористи напад за победа по што стигна казната со голот на Шипиќ буквално во последната секунда.
Во победничкиот тим Главаш постига шест голови а Шипиќ и Срна имаат по пет. Кај Унгарците се издвои Илиќ со осум реализации.

