Бразилецот Хуан Фелипе го стави својот потпис на договорот со Шкендија, со важност од „една плус една сезона“. Бразилецот подолго време беше поврзуван со актуелниот првак, конечно ги договори условите за трансфер и денес пристигна во Македонија за да му се приклучи на новиот тим.
На официјалната веб-страница на Шкендија беше објавено дека големото засилување ќе му се приклучи на тимот по враќањето од Естонија, каде Шкендија треба да го игра првиот натпревар од квалификациите за ЛШ против Номе Калју. Фелипе ќе има право за настап од следната квалификациска рунда, во која тетовци во случај на успех против Номе Калју ќе се сретнат со подобриот од двомечот Селтик – Сараево.
Хуан Фелипе е добро познат на нашата фудбалска јавност, дојде во Скопје од редовите на ЦСКА Софија со потпис на договорот со Вардар и веднаш се анметна како прва ѕвезда на тимот и беше дел од екипата која ја испиша усторијата за Вардар и пласманот во грипната фаза од Лига Европа.
Тој имаше кратка авантура во Каират, но откако не се снајде најдобро во Казахстан се врати назад во Вардар, и настапуваше последната полусезона, но поради финансиската криза во Вардар, едниот црвено-црн дрес го менува со друг и се сели во Тетово.