Во пресрет на денешниот меч во Грција меѓу АЕК и Ајакс во рамките на 5. коло во Лигата на фудбалските шампиони, се случиле серија на инциденти низ улиците на Атина во кои била вклучена и полицијата.
Откако фановите од Холандија поддржани од локалните на Панатинаикос ги нападнале симпатизерите на АЕК, полицајците морале да интервенираат жестоко за да ги смират страстите и да ги разделат воинствените хулигани.
Засега не се појавија информации околу повредени или евентуално приведени фанови. Се претпоставува дека во Грција во моментов има повеќе од 1000 навивачи на Ајакс.