Некогашниот бразилски репрезентативец, Хулк, повторно се враќа во Европа. Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Минеиро ќе ја продолжи кариерата во турскиот шампионат.
Според информациите, управата на клубот „Адана Демирспор ги договорила условите за трансферот на играчот. 36-годишниот бразилски фудбалер ќе потпише договор со турскиот тим по отворањето на зимскиот преоден рок, а детали за соработката не се откриени. Во Турција зимскиот трансфер период ќе започне на 12 јануари.
Хулк е во Атлетико Минеиро од 2021 година.