32-годишниот германски дефанзивец Матс Хумелс на натпреварот од првото коло во групната фаза на Европското првенство – 2020 година со репрезентацијата на Франција (0:1) го запиша своето име во историјата на националниот тим на Германија.
Во 20-тата минута, Хумелс ја смести топката во голот на сопствената репрезентација, со што стана прв играч во историјата на германската репрезентација на Европските шампионати кој постигнал автогол.
Ако ги земеме предвид светските шампионати, тогаш ова е втор ваков случај. Првиот беше на Светското првенство 1978 година, кога Берти Вогтс го погоди сопствениот гол. Интересно е тоа што Матс Хумелс и претходно го има погодено сопствениот гол и тоа повторно кога Нојер беше на голот на Германија но тоа беше квалификациски натпревар со Шкотска во 2015 година.

