Големиот херој за Борусија Дортмунд – Матс Хумелс ги изрази своите емоции по триумфот на неговиот тим против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. Борусија се пласираше во финалето на Вембли со вкупни 2:0 и Хумелс призна дека тоа бил најважниот гол во неговата кариера.
„Неверојатно е да се дојде до финалето, не многу луѓе ни дадоа шанси, но ние сме тука и за 20 дена на Вембли ќе треба да го играме нашиот најдобар фудбал“.
„Најважно беше што имавме добар голман и имавме среќа што тие ги погодија стативите во двата натпревари. Ако сакавме да стигнеме до финалето, ни требаа повеќе среќа и голови. Ги постигнавме и двете. Беше неверојатно кога постигнав гол. Минатата недела си реков дека не постигнувам многу голови и овој гол е еден од најважните во мојата кариера“, рече Хумелс.