Германски фудбалски состав Шалке кој до крајот на сезоната ќе се бори да обезбеди опстанок во Бундес-лигата, се одлучи да го врати напаѓачот, Клас Јан Хунтелар, кој ги одработува последните 6 месеци од договорот со Ајакс.
Весникот –„Билд“ објави дека поранешниот холандски репрезентативец кој има 37- години, може во тековниов трансфер период да се врати на добро познатата локација.
Хунтелар играше за „сините“ од Гелзенкирхен од 2010 до 2017 година. Во тој период на 240 мечеви успеа да постигне 126 голови.

