Манчестер Јунајтед доби втора официјална понуда за купување на акциите на клубот, објавија британските медиуми.
Откако катарскиот принц, шеикот Јасим бин Мохамед ал-Тани во петокот објави дека дал конкретна понуда за купување на „црвените ѓаволи“, доцна синоќа истото го направи и најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф.
70-годишниот бизнисмен, кој е сопственик на хемиската компанија „Инеос“, долго време има интерес за акциите на клубот, кои од 2003 година се под контрола на американското семејство Глејзер.