Играчот од средниот ред на Челзи, Калум Хадсон-Одои планира да го напушти лондонскиот клуб до крајот на месецот. Фудбалерот е незадоволен што нема доволно минутажа.
За 21-годишниот играч од средниот ред се заинтересирани Борусија Дортмунд, Лестер и Саутемптон. Хадсон-Одои веќе им соопштил на шефовите на Стемфорд Бриџ дека сака да си замине.