Четворица фудбалери на ПСЖ, меѓу кои и аргентинската мега-ѕвезда Лионел Меси се заразиле со коронавирусот.
Според информацијата од клубот, Лионел Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала имале позитивни тестови.
Сите играчи се во самоизолација и ги почитуваат барањата на тековниот протокол. Оваа сезона Меси, кој минатото лето дојде во ПСЖ, одигра 11 натпревари за клубот во Лига 1, постигна 1 гол и даде 4 асистенции.