Денеска во Нион се одржа и ждрепката за плеј – офот во Конференциската лига на УЕФА. Во оваа фаза Македонија би можела да има две екипи. Прво Шкупи, ако не успее да го мине Шамрок Роверс во 3. квалификациско коло во ЛЕ, а потоа и Шкендија, ако успее да го мине АИК во 3. квалификациско коло во КЛ.
Шкендија ако го мине АИК во плеј – офот ќе игра или со Фенербахче или со Словачко.
Шкупи ако биде поразен од Шамрок, во плеј – офот во КЛ го чека двомеч со подобриот од Балкани (Косово) и Клаксвик (Ф. Острови).