Екипата на Тиквеш од Кавадарци под водство на тренерот Борче Христов најави дека дел од подготовките за вториот дел од сеозната ќе ги спроведе во Турција. Тиквеш во последните неколку кола од есенскиот шампионат се рехабилитираше, а зимава се посакува уште подобри настапи и резултати.
Кавадарчани на подготовки заминуваат на 17 јануари и тоа во Белек, каде што ќе престојуваат до 31 јануари. Официјално првата прозивка оваа зима Христов ја закажа на 9 јануари.

