Уште една од големите ѕвезди на новиот шпански шампион Барселона најави заминување ова лето. Станува збор за Жорди Алба кој ќе заврши со престојот на „Камп Ноу“ оваа сезона, откако двете страни се договориле за предвремено раскинување на договорот.
Алба имаше договор со Барселона до летото 2024 година, но тоа сега е променето. Според тоа, на Алба му преостануваат само уште два натпревари во дресот на Каталонците.
34-годишниот фудбалер беше дел од Барселона од 2012 година, кога дојде од Валенсија.