Одбранбениот фудбалер, Роџер Ибанез, премина во екипата на Ал Ахли, објави саудискиот клуб.
24-годишниот дефанзивец замина од Рома за сума од 28,5 милиони евра а планирани се и 3 милиони во форма на бонуси. – Добредојдовте во Ал-Ахли, Роџер!“, напиша саудискиот клуб.
Бразилецот во претходната сезона одигра 48 средби за „римската волчица“ и постигна 3 гола.

