Италијанскиот елитен состав, Рома, објави дека 21-годишниот централен бек, Роџер Ибанез, ќе биде ново име во тимот.
Тој доаѓа од Аталанта на 18-месечна позајмица со oбврска римскиот клуб да му ги откупи правата на крајот на сезоната за осум милиони евра плус два милиона во форма на бонуси.
Интересно е што поранешниот фудбалер на бразилскиот Флуминенсе, нема одиграно ниту една минута во Серија „А“, но, беше активен на дуелот против Шахтјор Доњецк во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.