Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, доколку постигне гол на мечот со Порто ќе постави рекорд во Лигата на фудбалските шампиони.
Имeно, Швеѓанецот кој нема играно во елитното друштво на Европа од 12 април во 2016 година, може да стане највозрасниот стрелец доколку успее да погоди на гостувањето во Португалија. Тој неодамна наполни 40-ет години.
Рекордот го има легендарниот играч на Рома, Франческо Тоти, кој на возраст од 38 години и 59 денови успеа да погоди во мрежата на ЦСКА Москва.