Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, заедно со неколку соиграчи потенцирале дека не се задоволни од работата на извршниот директор на клубот, Иван Газидис, пишуваат денеска италијански весници.
Според „Газета дело Спорт“ тоа се случило на вчерашната средбата меѓу клупскиот шеф и неколку претставници на играчите. Фудбалерите не се задоволни од односот на Газидис кој последен пат го виделе на 4 мај. Најжестока реакција имал шведскиот ветеран.
„Зошто се појавувате на само 48 часа пред полуфиналето на Купот? Ова не е истиот Милан од претходно, сега има премногу неизвесност и нема проект. Јас сум тука само заради мојата страст“ – рече Ибрахимовиќ,