Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ синоќа и официјално замина во фудбалска пензија. Швеѓанецот објави крај на кариерата, по одлуката да не го продолжи договорот со Милан.
Својата одлука ја соопшти со солзи на лицето, а навивачите на „росонерите“ му приредија спектакуларно збогување на мечот од последното коло во Серија А со Верона.
Својата одлука ја соопшти со солзи на лицето, а навивачите на „росонерите“ му приредија спектакуларно збогување на мечот од последното коло во Серија А со Верона.
Ибра кариерата ја започна во 1999 година во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси, пред да се врати на „Сан Сиро“ во 2020 година.

