Шпанските медиуми објавија дека легендарниот фудбалер на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој настапува за ЛА Галакси, изразил желба да го облече дресот на аргентинскиот гигант, Бока Јуниорс.
Наводно, неговиот агент стапил во контак со челниците на Бока кои се веднаш се израдувале на идејата на Ибра и потенцирале дека нема никаков проблем да се реализира трансферот. Се претпоставува дека финансискиот момент ќе биде лесно решен бидејќи Бока Јуниорс има солиден финансиски фонд. Тоа го нагласи и Жорге Анро, кој е дел од раководната гарнитура.
„Ибрахимовиќ сака да игра за Бока а ние сме во можност да го донесеме. Клубот е силен на финансиски план и можеме да си дозволиме таков луксуз“ – вели Анро.

