Италијанскиот фудбалски гигант, Милан, успеал да го договори ангажманот на Златан Ибрахимовиќ, тврди, познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио.
Според него, трансферот ќе се случи деновиве а Ибрахимовиќ ќе потпише договор за шест месеци со опција да го продолжи за уште една сезона. Швеѓенецот кој ја заврши соработката со Лос Анџелес Галакси, беше главна ѕвезда кај „росонерите“ во периодот од 2010 до 2012 година.
Милан досега има очајна сезона во Серија „А“ и со 21 освоен бод се наоѓа дури на 11 позиција на табелата