Големата фудбалска ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да го продолжи престојот во Милано и на крајот на сезоната ќе се врати во Шведска, објавија медиумите во Италија.
38 годишниот ветеран не е задовоен со клупската политика и посебно од работата на директорот Газидис и затоа се определил да се врати во татковината.
„Газета Дело Спорт“ тврди дека Ибрахимовиќ ќе ја продолжи кариерата во Хамарби. Тоа е клубот во кој популарниот Ибра има и дел од акциите.