Шведскиот голгетер во редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ, не го прифати мирно вчерашниот потег на неговиот тренер, Стефано Пиоли на дуелот со Парма кога го повлече од игра во 61 минута.
Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ кога поминувал покрај неговиот тренер му порачал друг пат да не го вади од игра и да одбере друг фудбалер. На тоа се осврна и Пиоли кој се обиде да разјасни зошто се определил да го извади Ибра а не некој друг фудбалер.
„Вистина е, Ибра ми кажа нешто, но, не го разбрав што точно. Тој е многу значаен за тимот а јас сум тука за да ги заштедам силите. Играме на секои три дена а тој се врати откако ја надмина повредата“ – порача Пиоли.

