Милан вчера одигра 2:2 на домашен терен против Верона во Серија „А“ откако Златан Ибрахимовиќ успеа да погоди буквално во самиот финиш на мечот. Шведскиот фудбалер кој спречи сензација на „Сан Сиро“, претходно не реализираше удар од 11 метри.
„Наредниот пенал ќе го шутира Кеси. Секако дека не сум задоволен, имавме повеќе шанси а јас промашив пенал“ – вели напаѓачот на „росонерите“.
„Играме навистина многу и заморот е присутен кај сите. За среќа, доаѓа паузата поради репрезентативните активности, навистина ми треба одмор“ – потенцираше Ибрахимовиќ .

