Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, призна дека сака да ја заврши кариерата во Серија А. Швеѓанецот има тековен договор до крајот на сезона.
„Ќе го притиснеме Милан да ми понуди продолжување и се надевам дека ќе останам тука до крајот на кариерата. Се уште имам цели кои сакам да ги постигнам и сакам да освојам уште една титула во Италија“ – изјави 40-годишниот напаѓач.
Златан Ибрахимовиќ кој го пропушти последниот меч во домашнотo првенство, веројатно ќе биде стартер на претстојниот натпревар со Ливерпул во Лигата на шампионите.