На 13-тото издание на Globe Soccer – годишниот состанок посветен на операторите на трансфер пазарот, гостине е Златан Ибрахимовиќ кој чека да се врати на теренот во почетокот на 2023. Напаѓачот на Милан гледа кон иднината со сѐ поголема страст.
„Младите играчи кои веднаш стануваат силни се привилегија на некои големи тимови кои имаат повеќе пари за трошење. Потоа им е лесно да напредуваат“ – вели Ибра.
„Имам 41 година, да немав страст немаше да преживеам. Сега сè оди брзо, секогаш морам да тренирам напорно, да закрепнувам и да се борам“ – вели Ибра.